Народна банка: Нето надворешниот долг се искачи на 4,76 милијарди евра

Bez autora
Sep 24 2026

Нето надворешниот долг на земјата на крајот од вториот квартал од 2026 година достигна 4.763 милиони евра, што претставува 25,9% од проектираниот бруто-домашен производ (БДП), соопшти Народната банка во најновиот редовен статистички извештај.

На 30.6.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.763 милиони евра (или 25,9% од проектираниот БДП), при што бележи квартално зголемување од 30 милиони евра (0,6%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 58,2%.

Во текот на вториот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 134 милиони евра и изнесува 8.986 милиони евра, што претставува 48,9% од проектираниот БДП за 2026 година.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik